diff --git a/source/perivlepta.rst b/source/perivlepta.rst new file mode 100644 index 0000000..8ea579f --- /dev/null +++ b/source/perivlepta.rst @@ -0,0 +1,145 @@ +================================= +Црква Света Богородица Перивлепта +================================= +Свети Климент +================================= + + +Вовед во студијата +================== + +Меѓу многубројните споменици на културата во Охрид, манастирот Св. *Теотокиј* +Периблепта, или Перивлепта како што се изговара на Грчки, со „в“ наместо „б“, до +неодамна именуван како Св. Климент се истакнува со својата извонредна убавина и +исклучително значење. Црквата Св. Богородица Перивлепта се наоѓа во музејскиот +комплекс Св. Климент во стариот дел на Охрид, на помалиот рид под Самуиловата +Тврдина близу Горна Порта. Опкружена е со средновековни ѕидини. Голема е +веројатноста дека пред градењето на храмот во 1295 г. на неговото место се +наоѓал манастир од поран период кој го носел името „Успение на Пресвета +Богородица“, но ова не може да се потврди заради недостаток на археолошки студии +во регионот. Според неговата грандиозност, богатство и влијание, манастирот +Св. Богородица Перивлепта е треторангиран во Архиепископијата. Откако Охрид паѓа +под Отоманска власт, храмот ја превзема врховната позиција од катедралниот храм +Св. Софија кој бил претворен во џамија, и со тоа тој станува катедрална црква во +Охридската Архиепископија. Подоцна Отоманците го претвораат наследството на +Св. Климент - Св. Пантелејмон во џамија и моштите на големиот Словенски +просветител Св. Климент се пренесени во таа црква, а на црквата Св. Богородица +Перивлепта ѝ е додадено Св. Климент како второ име. + +На крајот на XV век црквата формира Архиепископска архива, која е многу значајно +богатство бидејќи содржи една од најстарите библиотека на Балканот. Според +натписот од донаторот, напишан во фреска преку западната врата на нартексот: + +[слика од натписот] + +„Овој божји храм на нашата Најсвета Богородица - Теотокиј Периблепта беше +воздигнат со помош и на трошок на Господинот Прогон Сгоур - Голем Хетеријарх и +неговата жена Госпоѓа Евдокија, зет на најсилниот и најпобожниот владетел +Андроник Палеолог и неговата најпобожна Августа, или емпаратерија, или Кралица, +или Госпоѓа Ирена за време на Макариовата епископија, најсветиот Епископ на +Прима Јустинијана и цела Бугарија во година 6803 / 1295 / второ претскажение“. + +Донаторот, големиот Хетеријарх Прогон Сгоур потекнува од богато Албанско +благородно племе, чии членови се споменуваат во историски летописи од XIII и XIV +век. За да се разјасни датирањето на храмот треба да се користат историски +податоци, како и опис на политичките влијаниа на Балканот во последните децении +на XIII и почетокот на XIV век. Во овој контекст треба да се разгледа и +однесувањето на Албанските благородници кои во зависност од ситуацијата се +приклучуваат или на Римската курија, или на Византијците. + +Четири членови на племето: Маур, Себастократ, Димитриј и Захариј Сгоур +потпишуваат договор со Наполитанскиот викар во 1274 во Албанија. Тие се +најверојатно во сродствена врска со Сгоурите од Перивлепта, што е забележано од +страна на Миликов прилично рано. Имињата на членовите на племето кои се +приклучиле на страната на Византија се споменуваат во делата во манастирот +Зограф на планината Атос. Неговите заклучоци треба да се земат во предвид како +можна причина, а не како доказ за идентификација на Прогон Сгоур Периблептос +како донатор на храмот на Сгоури во Солун. Воислав Гуриќ оди до таму да збори со +апсолутна сигурност дека Прогон е донаторот на црквата Св. Никола, или +Св. Николао во Солун. + +За разлика од Сгоурите други Православни Албански племиња се приклучуваат на +Албанската курија и на анти-Византиската коалиција, предводена од Карло д'Анжу, +кого куќите на Аријанције, Мусакиите и Топиите го прогласуваат за крал. Ова е +периодот во кој католичкото влијание почнува да *доминира*[evade] со централна и +јужна Албанија во 1272. Архиепископијата во Драч повторно ќе стане јадро на +католичкото влијание сѐ до почетокот на XIV век и повраќањето на Драч од +Анжуите. Црковни хиерархии се формираат во *Кроа*[Croia] и Валона со огромни +епархии, достигнувајќи до Албански Белград - во центарот на Охридската +Архиепископија, но сепак западното влијание не се забележува во Охрид. + +По шизмата помеѓу Рим и источната црква во 1054, постоело одредено одбивање на +западното влијание и црквената уметност на Рим. Архитектурата, фреските и +уметноста се одликуваат со локални специфичности и никогаш не се отвараат за +влијанието на западната култура. Истото може да се примети и во католичката +епархија во Албанија. Византиската уметничка експанзија се идентификува со +Православието. Со ресторацијата на Византиското царство и умешната Византиска +дипломатија предводена од Михајло Палеолог VIII моќта на Карло д'Анжу и Анжуите +опаѓа. Бугарија и Србија целосно го менуваат текот на настаните во своја корист, +но благодарејќи на успешната и умешна дипломатија на Михајло Палеолог VIII во +борбата против освојувачките акции, големи делови останале неосвоени. Додека дел +од Пелопонез бил под латинска власт, Тесалија и Епир останале под власт на Грчки +династии категорично противејќи се на Византиското обединуваење. + +Неговиот наследник Андроник II Палеолог 1282-1328, за време на чие владеење е +изградена Перивлепта, не бил совршен владетел, но не бил ни толку слаб како што +е опишуван. Тој не е виновен за ограничените резултати на претпазливите мерки +кои ги преземал во новонастанатите услови. Патем, Андроник II бил добро +образован владетел - учен и писмен човек со најблиски соработници како Теодор +Метохит и Никифор Григор - високообраовани и културни луѓе. Во суштина, +најголемата Византиска слава за време на Палеолозите, освен политичкиот пад, +била за време на Андроник II. Со самото доаѓање на тронот, тој официјално се +одрекува од унијата со Римската црква и неговата политика несомнено го +идентификува со Православието. Во натписот на нартексот во црквата +Св. Богородица Перивлепта, донаторот Прогон Сгоур се ословува себеси како +„гамброс“ - зет на царот Андроник II Палеолог. Оваа врска со царската лоза не е +научно докажана, иако во натписот жената на Прогон Сгоур се именува како +Евдокија, кое е името на сестрата на Андроник II Палеолог. Според историски +факти Евдокија, сестрата на Андроник II Палеолог сѐ уште не била мажена за +Трапезундскиот крал Јован II Комнен, а по неговата смрт во 1297 таа одлучно го +одбива предлогот за брак од страна на Српскиот крал Милутин, сместувајќи се во +Трапезунд со својот син Алексеј II. Овој цврст историски факт јасно говори дека +Прогон Сгоур не е зет на Андроник II Палеолог преку Евдокија и дека наведеното +име во во црковниот нартекс на жената на Византискиот воен командир е истата +личност која е сестра на Андроник II Палеолог. Според горенаведеното, зборот +„гамброс“ не би требало буквално да се преведе како зет за сестра, туку треба да +се земе во предвид дека тој може да има пошироко значење. Зборот може да се +однесува на различни семејни односи, како дедо, или свекор, или дури вереник (а +во модерен Грчки значи и зет за ќерка). Како и да се земе, *located in the +shroud of Christ*, означено од Прогон Сгоур, вели: „Прогон Сгоур познат голем +Хетеријарх заедно со неговата жена Евдокија, Комнена по мајка, татко и дедо, ти +го запечатувам овој подарок, за твоја слава, печат на твоето распетие на овој +материјал со скап изглед, да те ослободи од гревовите.“ + +Евидентно е да односот на Прогон Сгоур со царското семејство мора да се бара +индиректно, бидејќи неговата жена Евдокија не е во блиско сродство со +Палеолозите. Независно од покровот во Св. Богородица Перивлепта дониран од +Прогон Сгоур, самиот цар Андроник II Палеолог донирал епитаф на мантија везени +со злато, сребро и свила со следниве зборови: + +„Спомени го моето име, ти водачу на Бугарите, во твоите жртви, од царот Андроник +Палеолог“. + +Најверојатно врската на Прогон Сгоур со царската династија била подалечна. + +Што се однесува до архиепископот Макариј, које е спомнат во натписот во +Св. Богородица Перивлепта, имаме многу малку историски податоци. Познато е во +која година е осветен, или назначен како архиепископ, но тој е назначен во +Константинопол по наредна на царот Андроник Палеолог. + +Бројните политички промени и околности, како и драматичните настани на овие +простори од Балканот влијаат на градењето на црквата Св. Богородица +Перивлепта. Архитектурата и уметноста на црквата се важен доказ за уметничкиот +развој и појавата на нов тренд, поточно транзиција кон прото-Палеолошки стил во +Охрид во последните години на XIII век. Нивото на одржаност на фреските, како и +архитектурата на црквата се од огромна важност за разбирањето на средновековната +култура. Оваа црква има позадински, недостижни фрески и композиции со сложена +симболика. Многу е веројатно дека благодарејќи на нивните исклучителни уметнички +квалитети и уникатни модели овие дела се копирани, или имитирани во многу цркви +во Балканот од страна на разни уметници, или учениците на Михаил, или Михаел +Страпас и Еутихиј, Ефтихиј, кои прв пат се сретнуваат во црквата Св. Богородица +Перивлепта во Охрид. Фреските во Перивлепта се со јасно нагласени иконографски +предмети со текстови од Стариот и Новиот Завет, со кратки натписи на +Грчки. Црквата не е истражена доволно добро, до детал. Направени се само делумни +истражувања. Оваа црква претставува неисцрпен извор на богати информации со +длабоко теолошко и кодирано значење.