notes/source/perivlepta.rst

146 lines
16 KiB
ReStructuredText
Raw Permalink Blame History

This file contains ambiguous Unicode characters

This file contains Unicode characters that might be confused with other characters. If you think that this is intentional, you can safely ignore this warning. Use the Escape button to reveal them.

=================================
Црква Света Богородица Перивлепта
=================================
Свети Климент
=================================
Вовед во студијата
==================
Меѓу многубројните споменици на културата во Охрид, манастирот Св. *Теотокиј*
Периблепта, или Перивлепта како што се изговара на Грчки, со „в“ наместо „б“, до
неодамна именуван како Св. Климент се истакнува со својата извонредна убавина и
исклучително значење. Црквата Св. Богородица Перивлепта се наоѓа во музејскиот
комплекс Св. Климент во стариот дел на Охрид, на помалиот рид под Самуиловата
Тврдина близу Горна Порта. Опкружена е со средновековни ѕидини. Голема е
веројатноста дека пред градењето на храмот во 1295 г. на неговото место се
наоѓал манастир од поран период кој го носел името „Успение на Пресвета
Богородица“, но ова не може да се потврди заради недостаток на археолошки студии
во регионот. Според неговата грандиозност, богатство и влијание, манастирот
Св. Богородица Перивлепта е треторангиран во Архиепископијата. Откако Охрид паѓа
под Отоманска власт, храмот ја превзема врховната позиција од катедралниот храм
Св. Софија кој бил претворен во џамија, и со тоа тој станува катедрална црква во
Охридската Архиепископија. Подоцна Отоманците го претвораат наследството на
Св. Климент - Св. Пантелејмон во џамија и моштите на големиот Словенски
просветител Св. Климент се пренесени во таа црква, а на црквата Св. Богородица
Перивлепта ѝ е додадено Св. Климент како второ име.
На крајот на XV век црквата формира Архиепископска архива, која е многу значајно
богатство бидејќи содржи една од најстарите библиотека на Балканот. Според
натписот од донаторот, напишан во фреска преку западната врата на нартексот:
[слика од натписот]
„Овој божји храм на нашата Најсвета Богородица - Теотокиј Периблепта беше
воздигнат со помош и на трошок на Господинот Прогон Сгоур - Голем Хетеријарх и
неговата жена Госпоѓа Евдокија, зет на најсилниот и најпобожниот владетел
Андроник Палеолог и неговата најпобожна Августа, или емпаратерија, или Кралица,
или Госпоѓа Ирена за време на Макариовата епископија, најсветиот Епископ на
Прима Јустинијана и цела Бугарија во година 6803 / 1295 / второ претскажение“.
Донаторот, големиот Хетеријарх Прогон Сгоур потекнува од богато Албанско
благородно племе, чии членови се споменуваат во историски летописи од XIII и XIV
век. За да се разјасни датирањето на храмот треба да се користат историски
податоци, како и опис на политичките влијаниа на Балканот во последните децении
на XIII и почетокот на XIV век. Во овој контекст треба да се разгледа и
однесувањето на Албанските благородници кои во зависност од ситуацијата се
приклучуваат или на Римската курија, или на Византијците.
Четири членови на племето: Маур, Себастократ, Димитриј и Захариј Сгоур
потпишуваат договор со Наполитанскиот викар во 1274 во Албанија. Тие се
најверојатно во сродствена врска со Сгоурите од Перивлепта, што е забележано од
страна на Миликов прилично рано. Имињата на членовите на племето кои се
приклучиле на страната на Византија се споменуваат во делата во манастирот
Зограф на планината Атос. Неговите заклучоци треба да се земат во предвид како
можна причина, а не како доказ за идентификација на Прогон Сгоур Периблептос
како донатор на храмот на Сгоури во Солун. Воислав Гуриќ оди до таму да збори со
апсолутна сигурност дека Прогон е донаторот на црквата Св. Никола, или
Св. Николао во Солун.
За разлика од Сгоурите други Православни Албански племиња се приклучуваат на
Албанската курија и на анти-Византиската коалиција, предводена од Карло д'Анжу,
кого куќите на Аријанције, Мусакиите и Топиите го прогласуваат за крал. Ова е
периодот во кој католичкото влијание почнува да *доминира*[evade] со централна и
јужна Албанија во 1272. Архиепископијата во Драч повторно ќе стане јадро на
католичкото влијание сѐ до почетокот на XIV век и повраќањето на Драч од
Анжуите. Црковни хиерархии се формираат во *Кроа*[Croia] и Валона со огромни
епархии, достигнувајќи до Албански Белград - во центарот на Охридската
Архиепископија, но сепак западното влијание не се забележува во Охрид.
По шизмата помеѓу Рим и источната црква во 1054, постоело одредено одбивање на
западното влијание и црквената уметност на Рим. Архитектурата, фреските и
уметноста се одликуваат со локални специфичности и никогаш не се отвараат за
влијанието на западната култура. Истото може да се примети и во католичката
епархија во Албанија. Византиската уметничка експанзија се идентификува со
Православието. Со ресторацијата на Византиското царство и умешната Византиска
дипломатија предводена од Михајло Палеолог VIII моќта на Карло д'Анжу и Анжуите
опаѓа. Бугарија и Србија целосно го менуваат текот на настаните во своја корист,
но благодарејќи на успешната и умешна дипломатија на Михајло Палеолог VIII во
борбата против освојувачките акции, големи делови останале неосвоени. Додека дел
од Пелопонез бил под латинска власт, Тесалија и Епир останале под власт на Грчки
династии категорично противејќи се на Византиското обединуваење.
Неговиот наследник Андроник II Палеолог 1282-1328, за време на чие владеење е
изградена Перивлепта, не бил совршен владетел, но не бил ни толку слаб како што
е опишуван. Тој не е виновен за ограничените резултати на претпазливите мерки
кои ги преземал во новонастанатите услови. Патем, Андроник II бил добро
образован владетел - учен и писмен човек со најблиски соработници како Теодор
Метохит и Никифор Григор - високообраовани и културни луѓе. Во суштина,
најголемата Византиска слава за време на Палеолозите, освен политичкиот пад,
била за време на Андроник II. Со самото доаѓање на тронот, тој официјално се
одрекува од унијата со Римската црква и неговата политика несомнено го
идентификува со Православието. Во натписот на нартексот во црквата
Св. Богородица Перивлепта, донаторот Прогон Сгоур се ословува себеси како
„гамброс“ - зет на царот Андроник II Палеолог. Оваа врска со царската лоза не е
научно докажана, иако во натписот жената на Прогон Сгоур се именува како
Евдокија, кое е името на сестрата на Андроник II Палеолог. Според историски
факти Евдокија, сестрата на Андроник II Палеолог сѐ уште не била мажена за
Трапезундскиот крал Јован II Комнен, а по неговата смрт во 1297 таа одлучно го
одбива предлогот за брак од страна на Српскиот крал Милутин, сместувајќи се во
Трапезунд со својот син Алексеј II. Овој цврст историски факт јасно говори дека
Прогон Сгоур не е зет на Андроник II Палеолог преку Евдокија и дека наведеното
име во во црковниот нартекс на жената на Византискиот воен командир е истата
личност која е сестра на Андроник II Палеолог. Според горенаведеното, зборот
„гамброс“ не би требало буквално да се преведе како зет за сестра, туку треба да
се земе во предвид дека тој може да има пошироко значење. Зборот може да се
однесува на различни семејни односи, како дедо, или свекор, или дури вереник (а
во модерен Грчки значи и зет за ќерка). Како и да се земе, *located in the
shroud of Christ*, означено од Прогон Сгоур, вели: „Прогон Сгоур познат голем
Хетеријарх заедно со неговата жена Евдокија, Комнена по мајка, татко и дедо, ти
го запечатувам овој подарок, за твоја слава, печат на твоето распетие на овој
материјал со скап изглед, да те ослободи од гревовите.“
Евидентно е да односот на Прогон Сгоур со царското семејство мора да се бара
индиректно, бидејќи неговата жена Евдокија не е во блиско сродство со
Палеолозите. Независно од покровот во Св. Богородица Перивлепта дониран од
Прогон Сгоур, самиот цар Андроник II Палеолог донирал епитаф на мантија везени
со злато, сребро и свила со следниве зборови:
„Спомени го моето име, ти водачу на Бугарите, во твоите жртви, од царот Андроник
Палеолог“.
Најверојатно врската на Прогон Сгоур со царската династија била подалечна.
Што се однесува до архиепископот Макариј, које е спомнат во натписот во
Св. Богородица Перивлепта, имаме многу малку историски податоци. Познато е во
која година е осветен, или назначен како архиепископ, но тој е назначен во
Константинопол по наредна на царот Андроник Палеолог.
Бројните политички промени и околности, како и драматичните настани на овие
простори од Балканот влијаат на градењето на црквата Св. Богородица
Перивлепта. Архитектурата и уметноста на црквата се важен доказ за уметничкиот
развој и појавата на нов тренд, поточно транзиција кон прото-Палеолошки стил во
Охрид во последните години на XIII век. Нивото на одржаност на фреските, како и
архитектурата на црквата се од огромна важност за разбирањето на средновековната
култура. Оваа црква има позадински, недостижни фрески и композиции со сложена
симболика. Многу е веројатно дека благодарејќи на нивните исклучителни уметнички
квалитети и уникатни модели овие дела се копирани, или имитирани во многу цркви
во Балканот од страна на разни уметници, или учениците на Михаил, или Михаел
Страпас и Еутихиј, Ефтихиј, кои прв пат се сретнуваат во црквата Св. Богородица
Перивлепта во Охрид. Фреските во Перивлепта се со јасно нагласени иконографски
предмети со текстови од Стариот и Новиот Завет, со кратки натписи на
Грчки. Црквата не е истражена доволно добро, до детал. Направени се само делумни
истражувања. Оваа црква претставува неисцрпен извор на богати информации со
длабоко теолошко и кодирано значење.