Перивлепта - вовед во студијата
This commit is contained in:
		
							parent
							
								
									506d8a3c29
								
							
						
					
					
						commit
						4adf3ef0e9
					
				
					 1 changed files with 145 additions and 0 deletions
				
			
		
							
								
								
									
										145
									
								
								source/perivlepta.rst
									
										
									
									
									
										Normal file
									
								
							
							
						
						
									
										145
									
								
								source/perivlepta.rst
									
										
									
									
									
										Normal file
									
								
							|  | @ -0,0 +1,145 @@ | |||
| ================================= | ||||
| Црква Света Богородица Перивлепта | ||||
| ================================= | ||||
| Свети Климент | ||||
| ================================= | ||||
| 
 | ||||
| 
 | ||||
| Вовед во студијата | ||||
| ================== | ||||
| 
 | ||||
| Меѓу многубројните споменици на културата во Охрид, манастирот Св. *Теотокиј* | ||||
| Периблепта, или Перивлепта како што се изговара на Грчки, со „в“ наместо „б“, до | ||||
| неодамна именуван како Св. Климент се истакнува со својата извонредна убавина и | ||||
| исклучително значење. Црквата Св. Богородица Перивлепта се наоѓа во музејскиот | ||||
| комплекс Св. Климент во стариот дел на Охрид, на помалиот рид под Самуиловата | ||||
| Тврдина близу Горна Порта. Опкружена е со средновековни ѕидини. Голема е | ||||
| веројатноста дека пред градењето на храмот во 1295 г. на неговото место се | ||||
| наоѓал манастир од поран период кој го носел името „Успение на Пресвета | ||||
| Богородица“, но ова не може да се потврди заради недостаток на археолошки студии | ||||
| во регионот. Според неговата грандиозност, богатство и влијание, манастирот | ||||
| Св. Богородица Перивлепта е треторангиран во Архиепископијата. Откако Охрид паѓа | ||||
| под Отоманска власт, храмот ја превзема врховната позиција од катедралниот храм | ||||
| Св. Софија кој бил претворен во џамија, и со тоа тој станува катедрална црква во | ||||
| Охридската Архиепископија. Подоцна Отоманците го претвораат наследството на | ||||
| Св. Климент - Св. Пантелејмон во џамија и моштите на големиот Словенски | ||||
| просветител Св. Климент се пренесени во таа црква, а на црквата Св. Богородица | ||||
| Перивлепта ѝ е додадено Св. Климент како второ име. | ||||
| 
 | ||||
| На крајот на XV век црквата формира Архиепископска архива, која е многу значајно | ||||
| богатство бидејќи содржи една од најстарите библиотека на Балканот. Според | ||||
| натписот од донаторот, напишан во фреска преку западната врата на нартексот: | ||||
| 
 | ||||
| [слика од натписот] | ||||
| 
 | ||||
| „Овој божји храм на нашата Најсвета Богородица - Теотокиј Периблепта беше | ||||
| воздигнат со помош и на трошок на Господинот Прогон Сгоур - Голем Хетеријарх и | ||||
| неговата жена Госпоѓа Евдокија, зет на најсилниот и најпобожниот владетел | ||||
| Андроник Палеолог и неговата најпобожна Августа, или емпаратерија, или Кралица, | ||||
| или Госпоѓа Ирена за време на Макариовата епископија, најсветиот Епископ на | ||||
| Прима Јустинијана и цела Бугарија во година 6803 / 1295 / второ претскажение“. | ||||
| 
 | ||||
| Донаторот, големиот Хетеријарх Прогон Сгоур потекнува од богато Албанско | ||||
| благородно племе, чии членови се споменуваат во историски летописи од XIII и XIV | ||||
| век. За да се разјасни датирањето на храмот треба да се користат историски | ||||
| податоци, како и опис на политичките влијаниа на Балканот во последните децении | ||||
| на XIII и почетокот на XIV век. Во овој контекст треба да се разгледа и | ||||
| однесувањето на Албанските благородници кои во зависност од ситуацијата се | ||||
| приклучуваат или на Римската курија, или на Византијците. | ||||
| 
 | ||||
| Четири членови на племето: Маур, Себастократ, Димитриј и Захариј Сгоур | ||||
| потпишуваат договор со Наполитанскиот викар во 1274 во Албанија. Тие се | ||||
| најверојатно во сродствена врска со Сгоурите од Перивлепта, што е забележано од | ||||
| страна на Миликов прилично рано. Имињата на членовите на племето кои се | ||||
| приклучиле на страната на Византија се споменуваат во делата во манастирот | ||||
| Зограф на планината Атос. Неговите заклучоци треба да се земат во предвид како | ||||
| можна причина, а не како доказ за идентификација на Прогон Сгоур Периблептос | ||||
| како донатор на храмот на Сгоури во Солун. Воислав Гуриќ оди до таму да збори со | ||||
| апсолутна сигурност дека Прогон е донаторот на црквата Св. Никола, или | ||||
| Св. Николао во Солун. | ||||
| 
 | ||||
| За разлика од Сгоурите други Православни Албански племиња се приклучуваат на | ||||
| Албанската курија и на анти-Византиската коалиција, предводена од Карло д'Анжу, | ||||
| кого куќите на Аријанције, Мусакиите и Топиите го прогласуваат за крал.  Ова е | ||||
| периодот во кој католичкото влијание почнува да *доминира*[evade] со централна и | ||||
| јужна Албанија во 1272. Архиепископијата во Драч повторно ќе стане јадро на | ||||
| католичкото влијание сѐ до почетокот на XIV век и повраќањето на Драч од | ||||
| Анжуите.  Црковни хиерархии се формираат во *Кроа*[Croia] и Валона со огромни | ||||
| епархии, достигнувајќи до Албански Белград - во центарот на Охридската | ||||
| Архиепископија, но сепак западното влијание не се забележува во Охрид. | ||||
| 
 | ||||
| По шизмата помеѓу Рим и источната црква во 1054, постоело одредено одбивање на | ||||
| западното влијание и црквената уметност на Рим. Архитектурата, фреските и | ||||
| уметноста се одликуваат со локални специфичности и никогаш не се отвараат за | ||||
| влијанието на западната култура. Истото може да се примети и во католичката | ||||
| епархија во Албанија. Византиската уметничка експанзија се идентификува со | ||||
| Православието. Со ресторацијата на Византиското царство и умешната Византиска | ||||
| дипломатија предводена од Михајло Палеолог VIII моќта на Карло д'Анжу и Анжуите | ||||
| опаѓа. Бугарија и Србија целосно го менуваат текот на настаните во своја корист, | ||||
| но благодарејќи на успешната и умешна дипломатија на Михајло Палеолог VIII во | ||||
| борбата против освојувачките акции, големи делови останале неосвоени. Додека дел | ||||
| од Пелопонез бил под латинска власт, Тесалија и Епир останале под власт на Грчки | ||||
| династии категорично противејќи се на Византиското обединуваење. | ||||
| 
 | ||||
| Неговиот наследник Андроник II Палеолог 1282-1328, за време на чие владеење е | ||||
| изградена Перивлепта, не бил совршен владетел, но не бил ни толку слаб како што | ||||
| е опишуван. Тој не е виновен за ограничените резултати на претпазливите мерки | ||||
| кои ги преземал во новонастанатите услови. Патем, Андроник II бил добро | ||||
| образован владетел - учен и писмен човек со најблиски соработници како Теодор | ||||
| Метохит и Никифор Григор - високообраовани и културни луѓе. Во суштина, | ||||
| најголемата Византиска слава за време на Палеолозите, освен политичкиот пад, | ||||
| била за време на Андроник II. Со самото доаѓање на тронот, тој официјално се | ||||
| одрекува од унијата со Римската црква и неговата политика несомнено го | ||||
| идентификува со Православието. Во натписот на нартексот во црквата | ||||
| Св. Богородица Перивлепта, донаторот Прогон Сгоур се ословува себеси како | ||||
| „гамброс“ - зет на царот Андроник II Палеолог. Оваа врска со царската лоза не е | ||||
| научно докажана, иако во натписот жената на Прогон Сгоур се именува како | ||||
| Евдокија, кое е името на сестрата на Андроник II Палеолог. Според историски | ||||
| факти Евдокија, сестрата на Андроник II Палеолог сѐ уште не била мажена за | ||||
| Трапезундскиот крал Јован II Комнен, а по неговата смрт во 1297 таа одлучно го | ||||
| одбива предлогот за брак од страна на Српскиот крал Милутин, сместувајќи се во | ||||
| Трапезунд со својот син Алексеј II. Овој цврст историски факт јасно говори дека | ||||
| Прогон Сгоур не е зет на Андроник II Палеолог преку Евдокија и дека наведеното | ||||
| име во во црковниот нартекс на жената на Византискиот воен командир е истата | ||||
| личност која е сестра на Андроник II Палеолог. Според горенаведеното, зборот | ||||
| „гамброс“ не би требало буквално да се преведе како зет за сестра, туку треба да | ||||
| се земе во предвид дека тој може да има пошироко значење. Зборот може да се | ||||
| однесува на различни семејни односи, како дедо, или свекор, или дури вереник (а | ||||
| во модерен Грчки значи и зет за ќерка). Како и да се земе, *located in the | ||||
| shroud of Christ*, означено од Прогон Сгоур, вели: „Прогон Сгоур познат голем | ||||
| Хетеријарх заедно со неговата жена Евдокија, Комнена по мајка, татко и дедо, ти | ||||
| го запечатувам овој подарок, за твоја слава, печат на твоето распетие на овој | ||||
| материјал со скап изглед, да те ослободи од гревовите.“ | ||||
| 
 | ||||
| Евидентно е да односот на Прогон Сгоур со царското семејство мора да се бара | ||||
| индиректно, бидејќи неговата жена Евдокија не е во блиско сродство со | ||||
| Палеолозите. Независно од покровот во Св. Богородица Перивлепта дониран од | ||||
| Прогон Сгоур, самиот цар Андроник II Палеолог донирал епитаф на мантија везени | ||||
| со злато, сребро и свила со следниве зборови: | ||||
| 
 | ||||
| „Спомени го моето име, ти водачу на Бугарите, во твоите жртви, од царот Андроник | ||||
| Палеолог“. | ||||
| 
 | ||||
| Најверојатно врската на Прогон Сгоур со царската династија била подалечна. | ||||
| 
 | ||||
| Што се однесува до архиепископот Макариј, које е спомнат во натписот во | ||||
| Св. Богородица Перивлепта, имаме многу малку историски податоци. Познато е во | ||||
| која година е осветен, или назначен како архиепископ, но тој е назначен во | ||||
| Константинопол по наредна на царот Андроник Палеолог. | ||||
| 
 | ||||
| Бројните политички промени и околности, како и драматичните настани на овие | ||||
| простори од Балканот влијаат на градењето на црквата Св. Богородица | ||||
| Перивлепта. Архитектурата и уметноста на црквата се важен доказ за уметничкиот | ||||
| развој и појавата на нов тренд, поточно транзиција кон прото-Палеолошки стил во | ||||
| Охрид во последните години на XIII век. Нивото на одржаност на фреските, како и | ||||
| архитектурата на црквата се од огромна важност за разбирањето на средновековната | ||||
| култура. Оваа црква има позадински, недостижни фрески и композиции со сложена | ||||
| симболика. Многу е веројатно дека благодарејќи на нивните исклучителни уметнички | ||||
| квалитети и уникатни модели овие дела се копирани, или имитирани во многу цркви | ||||
| во Балканот од страна на разни уметници, или учениците на Михаил, или Михаел | ||||
| Страпас и Еутихиј, Ефтихиј, кои прв пат се сретнуваат во црквата Св. Богородица | ||||
| Перивлепта во Охрид. Фреските во Перивлепта се со јасно нагласени иконографски | ||||
| предмети со текстови од Стариот и Новиот Завет, со кратки натписи на | ||||
| Грчки. Црквата не е истражена доволно добро, до детал. Направени се само делумни | ||||
| истражувања. Оваа црква претставува неисцрпен извор на богати информации со | ||||
| длабоко теолошко и кодирано значење. | ||||
		Loading…
	
	Add table
		Add a link
		
	
		Reference in a new issue